Четвртоодделенците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” добија таблети

Во пресрет на новата учебна година и новaта наставна програма, која предвидува дигитални учебници за учениците од четврто одделение, денеска се поделени таблети на сите четвртоодделенци во ОOУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.

Таблетите ги поделија Градоначалникот на Општина Берово и директорот на училиштето, а беа поделени на сите ученици, од четврто одделение.

На истите се инсталирани дигиталните учебници, кои им се потребни за наставниот процес,  со што се води грижа, сите ученици да бидат еднакви и целосно подготвени, да ја започнат учебната година, а трошоците на родителите да бидат намалени.

Како дел од мерките за поддршка на родителите на почетокот на учебната година, исто така сите ученици од прво одделение, добија по 3.000,00 денари.

Во таа насока, за унапредување на образовниот процес, училиштето набави  нови електронски табли, телевизори, принтери и други  нагладни средства, кои се предвидени со новите наставни програми.

Со ова уште еднаш ја потврдуваме грижата на унапредување на наставниот процес и грижата за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, преку подобрување на условите за учење, но и преки намалување на трошоците на родителите- истакна Градоначалникот на Општина Берово.

Образовниот процес е алка во системот, во која постојано треба да се вложува и да се унапредува,  ако сакаме да имаме успешни генерации-додаде Пекевски.

Горе