Четвртоодделенците од Берово, во посета на општината

 Денеска, драги гости во Општина Берово, беа четвртоодделенците од ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски’’ и ООУ ,,Никола Петров Русински” , кои дојдоа, во работна посета на општината, во рамките на наставата по предметот ,,Историја и општество”.
Тие одблизу и преку директна комуникација и презентација, се запознаа со начинот на функционирање на локалната самоуправа и надлежностите на општината.
Поставувајќи прашања, основците научија кои се надлежностите на општината, со кои проблеми секојдневно се соочува општинската администрација и како истите, се решаваат.
Учениците ги поздрави Градоначалникот на Општитна Берово, Звонко Пекевски, кој  им посака среќни празници и многу успех во нивното школување.
Одговарајќи на нивните прашања, тој ги информира учениците за работата на општината, во која на непосреден начин, се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, преку реконструкција и асфалтирање на локалните улици и патишта, тротоари, уредувањето на зелените површини, грижа за животната средина, противпожарна заштита, образование, култура, социјална заштита и други.
Учениците ги поздрави и претседателот на Совет на Општина Берово, Марија Буровска, која им ја презентираше работата на Советот на Општина Берово.
Беровските четвртоодделенци, слушнаа и видоа како функционира една општина, како изгледаат кабинетите на Градоначалникот и Советот на Општина Берово, што како наставна содржина го изучуваат по предметот ,, Историја и Општество’’.
Учениците покажаа голем интерес за работата на општината и голем дел од нив, изразија интерес, кога ќе пораснат да бидат градоначалници.
Горе