Чествување на ликот и делото на Ацо Караманов

По повод годишнината од загинувањето на великанот, поет и борец Ацо Караманов и 50-годишниот јубилеј ,,Караманови поетски средби” , општинската установа Центар за култура ,,Ацо Караманов” од Радовиш, во соработка со општина Берово, положија венци, на спомен обележјето, на местото на загинување на револуционерот, во близина на   с. Смојмирово- Берово.

Делегации од Општина Берово и Општина Радовиш, предводени од Градоначалниците, Центарот за култура ,,Ацо Караманов”, Сојузот на борци од Општина Радовиш, Демократска партија на Турците,  од Радовиш и Друштвото на ликовни уметници ,,Рада Длур”, положија венци и се поклонија пред спомен обележјето и заеднички,  ја проследија културната програма која во чест на загинувањето на Ацо Караманов, ја подготвија од   Општинската установа, Центар за култура ,,Ацо Караманов” од Радовиш.

Во чест на големиот великан, на местото на загинувањето, градоначалниците од Општина Берово и Општина Радовиш, засадија дрво.

Со овој свечен чин, започнува програмата за одбележување на јубилејот ,,50-ти Караманови поетски средби”, која ќе биде пропратена со многу содржини, посветени на ликот и делото на Ацо Караманов.

Ацо Караманов е македонски поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Тој е еден од најистакнатите, најталентирани млади македонски личности, во годините на Втората Светска Војна. Во својот краток живот, Караманов прави вистински творечки подвиг и со своето дело, кое има високи естетски вредности,  остава траен белег во македонската литература.

Горе