Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по повод 7ми мај- Денот на македонската полиција

Почитувани припадници на полицијата и безбедносните служби,

Ви го честитам 7 мај- Денот на Македонската полиција и Ви посакувам и со многу успех да продолжите да се грижите за безбедноста на македонските граѓани.

Во овие времиња на пандемија, кога спроведувањето на редот е уште поголем предизвик, со вашиот професионален ангажман, претставувате пример, за тоа, како се делува одговорно.

Како најцврст столб во државата, гарантирајќи ја нејзината стабилност и безбедност,  запазувајќи го редот, слободата и демократијата,  претставувате херои, достојни за почит.

Посветеноста кон работата, надополнета со љубовта кон татковината, Ве прави пример за општеството и пример за идните генерации.

Нека е честит  Денот на македонската полиција, 7 мај, на сите припадници на полицијата и безбедносните служби.

Со почит,

Звонко Пекевски

Градоначалник на Општина Берово

Горе