Category: Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА НАСТАН

Ве известуваме дека заради  временските услови, културниот настан ,,Ајде да се дружиме со 2 БОНА” е откажан. Дополнително ќе бидете известени за новиот термин. Ви благодариме за разбирањето! Општина Берово

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, [...]

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

Проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот. Општина Берово, како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за [...]

Известување за прекин на уличното осветлување во с. Смојмирово

Се известуваат жителите на с. Смојмирово, дека заради интервенции во уличното осветлување во с. Смојмирово, жителите на с. Смојмирово нема да имаат улично осветлување во деновите 15,16, и 17. 04 2022 година (петок сабота и недела). Ве молиме бидете трпеливи, како би можеле да обезбедиме непречено улично осветлување во иднина. Ви благодариме за разбирањето.

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на ЈАВЕН УВИД за јавноста, на Предлог: УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на Урбанистички план за КП.Бр.256, со намена А4 Времен престој – А4.3 Викенд куќа, К.О. Берово, Општина Берово

Врз основа на член 62 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр, 32/2020), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), а согласно Годишната програма за изработка на урбанистички планови за 2022 год, донесена со Одлука бр. 09-4295/1 од 15.12.2021 год, од страна на Советот на Општина Берово, [...]

Исплатени надоместоците на членовите на избирачки одбори за спроведување на Локалните избори 2021

Се известуваат избирачките одбори, кои го спроведоа гласањето на Локалните избори 2021 година, дека денеска им се исплатени надоместоците за спроведување на изборите.

Ј А В Е Н П О В И К за пријавување на штета од пожар

Ј А В Е Н    П О В И К за пријавување на штета од пожар  Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети  предизвикани од пожарот  која ја зафати територијата на Општината во деновите: 6-11.08 2021 година да ја пријават штетата на своите култури и добра  до Комисијата за проценка на штети на [...]

Повик за субвенционирање за купен велосипед

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Берово со број 09-2684/1 од 23.07.2021 година за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Берово за купен велосипед (Службен гласник на Општина Берово бр. 47/21), во врска со Одлуката за определување на максимален износ [...]

АПЕЛ за масовно вклучување на населението во гаснење на пожарот

Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево  е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села . Пожарот е  високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина.На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот [...]

Oбјавен e повикот за пријавување на реонски попишувачи и инструктори во ПОПИС 2021

Oбјавен e повикот за пријавување на реонски попишувачи и инструктори во #Попис2021. Рокот за пријавување истекува на 5 август! Информирај се подетално на: Државен завод за статистика 
Горе