Category: Вести

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

Проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот. Општина Берово, како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за [...]

Претставници од Општина Берово присуствуваат на работилница за УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕГРИТЕТ НА ЛОКАЛНО НИВO

Во рамките на проект ,,Зајакнати системи на интегритет, за борба против корупција на локално ниво”, кој го реализира Фондација Отворено општество- Македонија, како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество,  денеска, претставници од Општна Берово, заедно со Градоначалникот Пекевски, учествуваа на работилница за развивање на план за интегритет. На работилницата се дискутирани утврдените ризици [...]

ЈПКР ,,Услуга” Берово , по којзнае кој пат, ја исчисти Депонијата за градежен и градинарски отпад, во место викано ,,Црвен брег” во Берово.

По којзнае кој пат, службите при ЈПКР ,,Услуга" Берово, ја исчистија депонијата за градежен и градинаски отпад, во место викано ,,Црвен Брег". Сакаме да потенцираме,дека оваа депонија е предвидена само за градежен и градинарски (органски) отпад, односно одлагање на било каков друг тип на отпад,  е казниво и строго забрането. Воедно информираме дека локалитетот ќе [...]

Започна изградбата на новоименуваната улица ,,Жан Кофол”

Продолжуваме со подобрување на патната инфраструктура во градот, со изградба на ул. ,, Ширината", која неодамна беше применувана во ул.,,Жан Кофол". Денеска, градоначалникот на Општина Берово, извши увид во градежните работи, каде што се реконструира улицата во должина од 575 метри, ширина на коловозот на улицата од 6 метри, односно 2 коловозни ленти со ширина [...]

Велигденската прослава го наполни беровскиот плоштад

Плоштадот ,,Димитар Беровски", во Берово, блесна, преполн со народ, на првиот велигденски ден и низ песни и ора, традиционално, го славиме Христовото воскресение. Со зборовите Христос Воскресе– Навистина Воскресе! како што е традиционално, денеска, си го честитаме големиот христијански празник Велигден и си посакуваме мир во душите и радост во срцата. После долги 2 години, [...]

За сите христијански верници ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН !

Во миговите на чествување на најголемите христијански вредности, во духот на празникот над празниците, со кој се слави победата на животот над смртта, следејќи го примерот на Христа, Велигден нека донесе мир во душата, љубов во срцето и верба во Бога. Слогата, хармонијата, мирот и толеранцијата, нека бидат неразделен дел од секое семејство, а деновите [...]

Спроведена едукативна кампања на тема семејно и родово базирано насилство

ОВР Берово, во соработка со Општина Берово, ЈУМЦСР Берово со вклучен претсавник од невладина организација , во Берово , организираа превентивно едукативна кампања за заштита, подршка и помош на жртви на семејно и родово базирано насилство. Во временскиот период од 11:00 до 12:30 часот,  на градскиот плоштад ,,Димитар Беровски” во Берово, беа делени  флаери со [...]

ОПШТИНА БЕРОВО Е ДЕЛ ОД ИПА ПРОЕКТОТ„ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦАТА“

Делегација на општина Берово присуствуваше на прес конференцијата од ИПА проектот „Волонтери  преку границата“ кој Општина Берово го реализира во партнерство со здружението „Заедно за Сандански“ од Благоевград, Р.Бугарија. На прес конференцијата која се одржа во градот Сандански, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека целта на проектот е превенција од шумски пожари и поплави [...]

Во Берово, успешно се спроведува услугата ,,Нега и грижа на стари лица во домашни услови”

Старите и изнемоштени лица, во Берово,  добиваат нега, грижа и помош за активностите, кои тие секојдневно ги обавуваат во своето опкружување, во своите домови, преку  успешната имплементација на Проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”. Проектот се спроведува преку лиценцираниот давател на услугите ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” во Берово, а иститот е финансиран во рамките [...]

Известување за прекин на уличното осветлување во с. Смојмирово

Се известуваат жителите на с. Смојмирово, дека заради интервенции во уличното осветлување во с. Смојмирово, жителите на с. Смојмирово нема да имаат улично осветлување во деновите 15,16, и 17. 04 2022 година (петок сабота и недела). Ве молиме бидете трпеливи, како би можеле да обезбедиме непречено улично осветлување во иднина. Ви благодариме за разбирањето.
Горе