Одржана првата форумска сесија, за давање предлози за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026 година
Во присуство на голем број граѓани, претставници на институции и организации, во пријатна и конструктивна атмосфера, денеска, се одржа првата форумска сесија и започна процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026 година. На почетокот, со пригодно обраќање се претстави градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој ја истакна важноста на ваквите средби, [...]
ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА 2025 – УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
БУЏЕТСКИ ФОРУМ –Прва форумска сесија Берово, 19.11.2025 г.(среда) Општина Берово ги поканува сите заинтересирани граѓани, преставници на Здруженија на граѓани, претставници од приватниот сектор, образовни и други институции, да учествуваат на првата форумска сесија на БУЏЕТСКИ ФОРУМ, кој се организира и спроведува од страна на Општина Берово, на ден 19.11.2025 год. (среда) во големата сала [...]
ПОКАНА за јавна консултација Презентација на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС). за Источниот и Северо-источниот регион
Почитувани Ве известуваме дека во рамки на Проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад, во Источниот и Северо-источниот регион (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)“, финансиран од Европската Унија, организирани се јавни консултации,за презентација на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС). Јавните консултации, ќе се одржат на [...]
БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО – нова шанса за идните бизнис лидери
Mожност за сите невработени лица да се стекнат со повеќе знаење од областа на претпримништвото, бизнис планирањето и да ги унапредат своите претприемачки вештини. Обуката е бесплатна за сите и трае 4 дена Осумте модули се презентирани од искусни бизнис тренери, со долгогодишно искуство од областа на претприемништвото Сите успешни кандидати ќе добијат сертификат, со [...]
Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа и за крајни корисници за користење на услуги од проектот “Се грижиме, дејствуваме”
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерка 7.1 Општинско – корисна работа , финансирана од Буџетот на Агенцијата за [...]
Средба на градоначалниците на Општина Берово и Општина Гоце Делчев, за продлабочување на прекуграничната соработка
Денеска, во просториите на Општина Берово, се одржа пријателска и работна средба, помеѓу градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, и делегација од Општина Гоце Делчев од Република Бугарија, предводена од градоначалникот, Владимир Москов. Средбата беше реализирана, во присуство на претседателот на Здружение на пензионери- Гоце Здравковски и советникот од Биро за развој на образованието, Зоран [...]
Четвртоодделенците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово, во посета на општината
Денеска, учениците од четврто одделение од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово, ја посетија општината, каде што беа пречекани од градоначалникот и општинските службеници. Целта на посетата е децата одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со улогата на градоначалникот во општината. Преку интересна и прилагодена презентација, учениците дознаа како општината се [...]
🗓️ РАСПОРЕД ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ВОДА
Почитувани, Заради состојбата со зголемена концентрација на манган во водата во Берово, започнува достава на вода, до сите граѓани на територијата на Општина Берово. Во продолжение е распоредот по локации и време👇 Општина Берово Камион 1 Здравствен дом – од 08:00 до 09:00 часот Гимназија „Ацо Русковски“ – од 09:00 до 10:00 часот Камион 2 Кај Нешовци – од 08:00 до [...]
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО
Денеска, во свечена и достоинствена атмосфера, се одржа конститутивната седница на новоизбраниот Совет на Општина Берово. На седницата присуствуваа градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, избраните советници и претставници на општинската администрација. Со оваа седница, официјално беа верификувани советничките мандати и започнува новиот мандат на Советот на Општина Берово, како највисоко претставничко тело на граѓаните [...]
Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Берово
Денеска, во просториите на Општина Берово, се одржа официјалното примопредавање на градоначалничката функција, помеѓу досегашниот градоначалник Звонко Пекевски и новоизбраниот градоначалник Петар Ружински. Во достоинствена и топла атмосфера, двајцата градоначалници, го потврдија значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните. Беа потпишани записниците за примопредавање, со што новиот градоначалник официјално ја презеде одговорноста [...]
