Category: Новости

Новата противпожарна опрема за справување со шумски пожари, ќе придонесе за заштита на шумите во Малешевскиот регион

Денеска во Берово, се промовира новата противпожарна опрема за ТППЕ во Берово и подружниците на ЈП ,,Национални шуми” во Берово и Пехчево, за справување со шумски пожари, токму на почеток на периодот од годината кога има најголема опасност од шумски пожари. На настанот, се обрати претставникот на Владата на Република Северна Македонија, Заменик на Претседателот [...]

Утревечер ќе се врши втора фаза теристичка дезинсекција во Берово

Ве известуваме дека согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести,  утревечер 6.7.2021 година (вторник) во периодот од 22.00 до 2:00 часот, ќе се  спроведе  втора фаза од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА, со цел уништување на  комарците. Со оглед на тоа, дека, активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува [...]

Паркот кај комплекс ,,Стара гимназија” е исчистен, благодарност до нашиот сограѓанин Димитар Гошевски за реакцијата

Почитувани граѓани на општина Берово, ценети посетители и туристи,   Вчера бевме сведоци на една многу неубава слика, на расфрлано ѓубре, насекаде по детскиот парк, кај комплексот ,,Стара гимназија”. На реакцијата на социјалните мрежи на нашиот сограѓанин Димитар Гошевски, службите на ЈПКР ,,Услуга” –Берово, денес,  темелно го исчистија теренот. Овој период, општина Берово , дополнително [...]

Завршни активности по проект “Спасување на жителите од една планина долж две реки”

Во рамките на проект CB006.2.12.120, "Спасување на жителите од една планина долж две реки", деновиве во Берово, претставници од Бугарија и општина Берово,  имаа можност да ги проследат завршните активности. Денеска во големата сала на Општина Берово, се одржа завршна пресконференција на која беа презентирани резултатите од проектот, а претставници од Струмјани и Берово ја [...]

Започнува изградбата на секундарна и примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро

Започнуваат активностите  за  изградбата на секундарна и примарна мрежа во  туристичка  населба Беровско Езеро, долгоочекуван проект за сопствениците на викендици, но и за граѓаните гостите и туристите. Најповолниот економски оператор е воведен во градба и започнува со реализација проект  за  „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа  и поврзување на нов резервоар со [...]

Општина Берово ангажира лица за извршување на јавни работи

Денеска почнува работниот ангажман на лицата кои се анажирани на определено работно време од 22 работни денови, за извршување на јавни работи, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на РСМ,  преку  Програмата за работно ангажирање – Јавни [...]

Градоначалникот Пекевски присуствуваше на настан за промоција на новите туристички содржини во Малешевскиот регион

Промоцијата на новите туристички содржини за авантуристички туризам во Малешевскиот регион, кои се реализираат во рамките на Програмата за зачувување на природата,  во соработка со Маунтин Експириенс, беше темата на денешниот настан, кој се одржа во Едукативниот Центар за зачувување на природата во с. Негрево. Целта на настанот беше промовирање на Малешевскиот регион, како туристички [...]

Јавен повик за пројавување на интерес за образовни асистенти

Основно училиште со ресурен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село го има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои [...]

Потпишан договор за oсветлување во туристичка населба ,,Беровско езеро”

Градоначалникот на општина Берово , Звонко Пекевски, го потпиша договорот со Биро за регионален развој, за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за проектот ,,Подобрување на можноста за развој на спортско рекреативниот и езерскиот туризам во источно планскиот регион- Беровско езеро”. Проектот [...]

Започна изградбата на ул ,,5” и ул..Ѓорѓи Димитров” во Берово

Жителите од улица ,,5” и ул..Ѓорѓи Димитров”, во Берово, конечно ќе добијат соодветна инфраструктура и газањето по кал ќе го заменат со асфалт. Како дел од програмата за реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, започна изградбата на улица ,,5” во Берово и 3 крака од ул..Ѓорѓи Димитров”. Како што исткна градоначалникот Пекевски [...]
Горе