Советот на Општина Берово, на третата седница ќе ја разгледува иницијативата за промена на имeто на улицата “20” во населба Ширината во Берово, во улица “Жан Кофол”
Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, поднесе иницијатива до Советот на Општина Берово, за преименување на улицата “20” во населбата Ширината, во улица “Жан Кофол”. Поднесената иницијатива, ќе биде разгледана на 3-тата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи утре, а понатаму постапката за промена ќе се врши согласно Законот за определување [...]
,,Пакомак”, донира 8 контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика за Берово
Фирмата ,,Пакомак” од Скопје, повторно е сериозен партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад, при што донира 8 контејнери, кои се наменети за собирање и складирање на отпадна пластика. Контејнерите ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за [...]
Поставени мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско ЕЗЕРО
Во насока на подобрување на јавната чистота и заштита на животната средина, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” постави мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро. Мрежите се поставени со цел да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад. [...]
Интензивно се асфалтираат улици во беровско Двориште
Во рамките на проект ,,Македонија без кал"-, интензивно се работи на терен за подобрување на патната инфраструктура во беровско Двориште, каде што во тек е рализација на проект ,,Реконструкција на улици во с. Двориште" од влезот во селото, до Чурилското маало. Денеска на терен градондачалникот Пекевски изврши увид , во градежните работи, каде што во [...]
Продолжуваат средбите со граѓани за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година
Градоначалникот Пекевски, деновиве е постојано на терен, на улиците во населените места и во Берово, од каде што го слуша гласот на граѓаните, нивните идеи и потреби, кои по уредното процесирање, ќе бидат дел од Буџетот на Општина Берово за 2022 година. Притоа граѓаните истакнуваат приоритети од различна природа, од кои дел се веднаш решливи, [...]
Акција за пошумување на опожарените подрачја во Малешевијата
ЈП ,,Национални шуми” подружница ,,Малешево” Берово во соработка со Општина Берово и ЈПКР ,,Услуга” Берово, во петок 19.11.2021 година, организира Акција за пошумување на опожарените подрачја во Малешевијата. Ќе бидат засадени околу 4000 садници од зимзелни дрвја, а ќе се пошумува пределот над месност викана ,,Три реки”, на регионалниот пат Берово- Струмица, од десна страна, [...]
Информација за средби на Градоначалникот на општина Берово со граѓани, во Берово, Дај свој предлог за поубаво Берово
Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата, за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани, во Општина Берово . Средбите во Берово, ќе се [...]
Општина Берово ги исплати средствата за субвенционирање за купен велосипед
На сметката на вкупно 42 ца жители на Општина Берово, денеска легнаа средствата, исплатени по основ на субвенционирање за купен велосипед, како дел од програмата за поддршка на Локалниот економски развој за 2021 година. Од сите пристигнати пријави, по јавниот повик, кој беше отворен од 05.08.2021 до 06.09.2021 година, апликантите ги исполниле критериумите, согласно Одлуката [...]
Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико
Во рамките на програмските активности за подобрување на животот на жителите од Ромската заедница, Градоначалникот на Општина Берово, заедно со тим на стручни соработници, оствари средба со со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико. На средбата беше разговарано за спроведување на проектот ,,Заедно за просперитетна заедница”, финансиран од Агенција на САД [...]
Започнаа средбите на Градоначалникот со граѓани, пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година
Градоначалникот Пекевски, деновиве на терен ги слуша предлозите на граѓаните пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирање на Буџетот, а во услови на пандемија од КОВИД 19, средбите се одржуваат на отворено и започнаа по населените места во општината. Изминатиот период одржани се средби [...]