Category: Новости

Утре ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2022 година

На петата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи во петок, на 24.12.2021 година, со почеток во 8 часот, ќе се гласа Буџетот на Општина Берово за 2022 година. На седницата, покрај Буџетот, ќе се најдат и следниве точки на дневен ред: Предлог Р Е Ш Е Н И Е за разрешување [...]

Предлог Буџет на Општина Берово за 2022 година

6.1.ФИСКАЛНА ТАБЕЛА-2022 6.2.БИЛАНС НА ПРИХОДИ-2022 6.3.БИЛАНС НА РАСХОДИ-2022 6.4.КАПИТАЛНИ РАСХОДИ-2022 6.5.БИЛАНС НА ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ-2022 6.6.БУЏЕТСКИ РАСХОДИ ПО ФУНКЦИИ НА ЕЛС-2022 6.7.ФУНКЦИОНАЛНИ РАСХОДИ-2022 6.8.БИЛАНС НА ПРИХОДИ-2023 6.9.БИЛАНС НА РАСХОДИ-2023 6.10.БИЛАНС НА ПРИХОДИ-2024 6.11.БИЛАНС НА РАСХОДИ-2024 6.12.Член 3-Буџет 2022 6.13.ПОСЕБЕН ДЕЛ 6.14.Член 4-Буџет 2022 6.15.Oбразложение кон Буџетот на општина Берово за 2022 година

Кабинет по природни науки опремен во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

Учебната 2021/2022 година, им донесе нов опремен кабинет по природни науки, на учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово. Кабинетот е опремен со нов мебел, инвентар и дидактички материјали коишто се очекува да придонесат за  квалитетен, современ образовен процес но и да ја поттикнат истражувачката работа на учениците. - Инвестирањето во образование и во [...]

ОПШТИНА БЕРОВО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ВТОРАТА ФАЗА НА ПРОГРАМАТА РОМАКТЕД

Во рамките на Ромактет програмата, втора фаза, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, потпиша меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика и Совет на Европа. Основна цел на Програмата е  поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво,  како и  изградба на  политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти [...]

Во Берово во понеделник ќе се заловуваат кучиња скитници

Општина Берово, вна ден 13.12.2021 година (понеделник), ќе врши заловување на кучиња скитници, кои ќе бидат затекнати на јавни површини.. Го известуваме населението на Општина Берово, дека следните денови ќе отпочне со реализација законската обврска за заловување на бездомните кучиња, односно, нерегистрирани и регистрирани кучиња, кои ќе бидат затекнати на јавни површини. Согласно законските одредби, [...]

Нацрт Буџет на Општина Берово за 2022 година

Почитувани граѓани, Нацрт Буџетот на Општина Берово, за 2022 година е достапен за разгледување на следниве линкови: 1.НАЦРТ БУЏЕТ 2.ФИСКАЛНА ТАБЕЛА 2022 3.БИЛАНС НА ПРИХОДИ 2022 4.БИЛАНС НА РАСХОДИ 2022 5.КАПИТАЛНИ РАСХОДИ 2022 6.БИЛАНС НА ТЕКОВНО-ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ 2022 7.БУЏЕТСКИ РАСХОДИ ПО ФУНКЦИИ НА ЕЛС 2022 8.ФУНКЦИОНАЛНИ РАСХОДИ 9.ПОСЕБЕН ДЕЛ 2022

Советот на Општина Берово, на третата седница ќе ја разгледува иницијативата за промена на имeто на улицата “20” во населба Ширината во Берово, во улица “Жан Кофол”

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, поднесе иницијатива до Советот на Општина Берово, за преименување на улицата “20” во населбата Ширината,  во улица “Жан Кофол”. Поднесената иницијатива, ќе биде разгледана на 3-тата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи утре, а понатаму постапката за промена ќе се врши согласно Законот за определување [...]

,,Пакомак”, донира 8 контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика за Берово

Фирмата ,,Пакомак” од Скопје, повторно  е сериозен партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад, при што донира 8  контејнери, кои се наменети за собирање и складирање на отпадна пластика. Контејнерите ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за [...]

Поставени мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско ЕЗЕРО

Во насока на подобрување на јавната чистота и заштита на животната средина,  Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” постави  мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро. Мрежите се поставени со цел  да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад. [...]

Интензивно се асфалтираат улици во беровско Двориште

Во рамките на проект ,,Македонија без кал"-, интензивно се работи на терен за подобрување на патната инфраструктура во беровско Двориште, каде што во тек е рализација на проект ,,Реконструкција на улици во с. Двориште" од влезот во селото, до Чурилското маало. Денеска на терен градондачалникот Пекевски изврши увид , во градежните работи, каде што во [...]
Горе