Category: Новости

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНИ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БЕРОВО

Се известува населението на Општина Берово, дека заради реализација на активностите по проект ,, Реконструкција на филтер станица ” , на ден 24.07.2023 година (понеделник) , ќе има прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина.   Ви благодариме за разбирањето.   Од ЈПКР ,,Услуга” Берово

АПЕЛИРАМЕ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

Почитувани граѓани, Како резултат на високите температури, нашата потреба за вода во овие летни, жешки денови се зголемува. За жал нерационалното користење на вода на одредени делови од градот и населените места, создава проблеми во одредени домаќинства, кои немаат вода за извршување на основните потреби. Затоа сакаме да апелираме до сите Вас, водата да ја [...]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИНИ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО БЕРОВО

Се известува населението на Општина Берово, дека заради реализација на активностите по проект ,, Реконструкција на филтер станица ” , на ден 18.07.2023 година (вторник) , можни се прекини со водоснабдувањето на територијата на цела општина. Ви благодариме за разбирањето Од ЈПКР ,,Услуга” Берово

Општина Берово, повторно во најтранспарентните општини во државата

Се наоѓа на високото 6 место, од сите 98 институции, (Владата, министерствата и општините), по исполнување на обврските за активна транспарентност, за 2023 година. Ова го покажува Индексот на активна транспарентност, изработен од страна на Центарот за граѓански комуникации, во редовното годишно рангирање на институциите. Според проактивното објавување на информациите од јавен карактер, во кое [...]

ОБЈАВА бр.01/2023 за давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање

Комисијата за спроведување на постапка задавање во закуп на недвижни и движни  ствари сопственост на Општина Берово, врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 37, 38, 39, и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите на во државна сопственост и стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република [...]

Заврши второто издание на Малеш Куп 2023, Берово испишува нова спортска страница

Низ прекрасна навивачка атмосфера, со огромен број на публика, синоќа во Берово,  заврши второто издание на турнирот во мал фудбал ,,Малеш Куп 2023″,  кој  го  организира  општинскиот клуб ,,Малеш”,  со поддршка од Општина Берово и локалните бизниси. Победник на турнирот, кој во регуларниот дел заврши без голови,  е екипата на „Борово Стебло – Тони и [...]

Потпишан договор за финансирање на пингпонгарски клуб ,,Зегин”

Денеска, градоначалникот Пекевски и претседателот на ППК ,,Зегин” , Јован Ковачовски, потпишаа договор, за финансирање од 100.000,00 денари за клубот, за подготовка, тренинзи  во новата сезона и развој на клубот. 10 членови од ППК ,,Зегин” , во периодот од 7 до 9 јули ќе учествуваат на меѓународен турнир во Грција. Сите  членови ќе го посетат [...]

Јавен повик за пријавување на штети

Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето - поројниот дожд и излевањето на водотеците кое ја зафати територијата на општината на ден 24.06.2023 година (сабота) да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово. Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се [...]

Берово е центар на спортските случувања во истоткот, се игра ,,Малеш куп” ноќниот турнир во мал фудбал

Веќе четири дена, Берово е центар на спортските случувања во истокот, каде во тек се игрите во мал фудбал, од ноќниот турнир ,,Малеш куп”, кој  го  организира  општинскиот клуб ,,Малеш”,  со поддршка од Општина Берово и локалните бизниси. Спортските терени пред комплексот стара гимназија, деновиве се вистински рај за очите и душата и вистински предизвик [...]

Изабела Ковачовска и Моника Стајковска ја претставуват  Македонија на балканско првенство во пинг понг во  Orestiada, Грција

На Изабела Ковачовска и Моника Стајковска, кои деновиве  ја претставуват  Македонија на балканско првенство во пинг понг во  Orestiada, Грција им поосакуваме многу среќа убава игра и достојно преставување. Изабела и Моника ќе се натпреварувааат во категорија до 19 години. Берово навива за Вас и во исто време се гордее со Вас.
Горе