Category: Новости

ПОКАНА ЗА СОСТАНОК

На ден 23.12.2022 година (петок), со почеток во 18:00 часот, во големата сала на Општина Берово, ќе се одржи средба со граѓани, во врска со можноста за изработка на Детален урбанистички план за туристичката населба Абланица. Се повикуваат сите граѓани, кои имаат недвижен имот во населба Абланица и сите други  заинтересирани граѓани да присуствуваат на [...]

Одржана работилница за одржлив развој

Во организација на Здружението на граѓани  „Еко Зелено Движење“ од Берово, вчера,  во Берово се одржа едукативна работилница, за одржлив развој, со посебен акцент на руралниот развој, како концепт во рамките на милениумските цели и алатки за мерење на исполнувањето на целите за одржлив развој. На работилницата присуствуваа преставници од секторот за образование, невладини организации, [...]

Утре, 20.12.2022 година, со почеток во 10:00 часот, во салата за состаноци на општина Берово ќе се одржи работен состанок со приватниот сектор

Се известуваат сите приватни стопанственици, дека утре, 20.12.2022 година,  со почеток во 10:00 часот, во салата за состаноци на Општина Берово ќе се одржи работен состанок. Целта на состанокот е да креира партнерство / тим за изработка на стратегија за ЛЕР, кое нешто е од ислучителна важност за идниот развој на општина Берово и подобрување [...]

Започна изградбата на фекална канализација на ул.,,23 Август”, во ромското маало, во Берово

Во рамките на проект ,,Штип и Берово, заедно за подобрување на условите во ромската заедница”, започна изградбата на фекална канализација на ул.,,23 Август” во ромското маало. Градежните активности се одвиваат на крак од улицата, со должина од околу 250 метри, со што се решава долгогодишниот проблем, со одведување на фекални отадни води, во овој дел [...]

Потпишан договорот за реконструкција на 4 ламела во Домот за стари ,,д-р. Иван Влашки”

Денеска е потпишан договорот за реконструкција на 4 ламела во ОЈУСЗСЛ ,,д-р. Иван Влашки”, 2 и 3 фаза, што го заокружува процесот на реконструкција и адаптација на 4 ламела  и обезбедува место, за 28 нови корисници на услугата институционална нега и грижа на стари лица, од источниот регион. Инвестицискиот проект е со дигитална компонента од [...]

Берово со најдобри резултати во прибирањето на даночните приходи

Денеска, имавме можност да проследиме презентација на резултатите од унапредување на даночниот морал, кој што го спроведува Центарот за економски анализи, преку проектот на УСАИД, за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Според презентацијата, Берово бележи најдобри резултати, во подобрувањето на прибирање на даночноте приходи. Долгот е намален за 25 % и Општина Берово [...]

Во Берово започнува процесот за складирано управување со отпадот

Во Берово започнува процесот за складирано управување со отпадот, што се реализира со партнерската фирма ,,Пакомак”, која за таа цел донира 200 индивидуални канти за собирање на отпад од пакување,  наменети за потребите на Општина Берово. Новите канти, пристигнаа во Берово и  во следниот период ќе бидат распоредени на 200 домаќинства,  ќе значат почеток на [...]

Во Берово промовирана поедноставената процедура за поставување на фотоволтаици

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска оствари работна посета на општина Берово, каде заедно со градоначалникот Звонко Пекевски  и Претседателот на Совет на Општина Берово, пред присутните граѓани ги претставија поедноставените постапки за поставување на фотонапонски електроцентрали. Целта, како што истакна министерот Бочварски, е општините да почнат со најлесна постапка, да постават фотонапонски [...]

Во Берово формиран Локален Совет за превенција

Денеска, во Берово, е одржан првиот состанок на новиот Локален Совет за превенција,кој е формиран како  советодавно и координативно тело, заради остварување на соработка и зацврстување на влијанието во јавноста, во работата на полицијата. Беровскиот совет за превенција ,  брои 9 членови: Маја Рашковска - Основно јавно обвинителство Берово Митко Каламадевски - Командир на полициско [...]

ПОКАНА ЗА СОСТАНОК -ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ ПОЕДНОСТАВЕНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЦИ

Се известувааат сите правни и физички лица, кои се заинтересирани за инвестиции во поставување на фотоволтаични електроцентрали на кровни конструкции, дека на ден 09.12.2022 година (петок), во салата на Општина Берово, со почеток во 10:30 часот, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ќе ги презентира измените на Законот за градење и новите поедноставени процедури [...]
Горе