Category: Новости

Подолго работно време на угостителските објекти во Берово, за време на празничните периоди во 2025

Советот на Општина Берово, на Седницата одржана на ден 18.12.2024 година, донесе Одлука за продолжување на работното време за одредени празнични периоди во 2025 година. Одлуката предвидува дополнителни еден/два часа работа за кафулињата, рестораните и другите објекти од угостителска дејност за време на празничните периоди.   Одлуката може да ја преземете ТУКА.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕПРЕЧЕНО И ЕФИКАСНО ЧИСТЕЊЕ НА СНЕГ

Почитувани граѓани   Со цел да се овозможи непречено и ефикасно чистење на снегот за непречено одвивање на сообраќајот за сите учесници апелираме:   - Да не се паркираат патнички и товарни возила по улиците со цел да се овозможи проодност и ефикасна работа на службите за зимско одржување   Да не се паркираат возила [...]

Новогодишен базар и концерт во Берово – празнична атмосфера и неповторливо искуство

Во организација на Здружение на угостители и туристички работници Малешевски Еснафи Берово, преку Неформалнотo тело ,,Колеџ на заедницата”, со поддршка од Општина Берово, Берово престојниот викенд  ќе блесне во празничен сјај, со одржување на Новогодишен базар и Концерт. Време: 27 и 28 декември Место: плоштад „Димитар Беровски“ Почеток:  15:00 часот Новогодишниот базар ветува многу забава [...]

Во село Русиново се чествува ликот и делото на македонскиот великан Даме Груев

Во беровско Русиново, денеска се одржа чествување по повод 118 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. Споменот за Даме Груев е вечен, неговиот лик и дело се гордост. Во чест на 118- годишнината од смртта на Даме Груев,  денеска, беше положено цвеќе, пред [...]

We Are Hiring: Positions for IPA ADRION LANDS Project

Јавен  повик за избор на 1 (еден) Менаџер на проектот – Проект IPA ADRION LANDS 1 (еден) Технички менаџер – IPA ADRION LANDS Project и 1 (еден) Административен работник - IPA ADRION LANDS Project  во рамки на проектот „СИСТЕМИ НА СЕНЗОРИ ЗА ЗЕМЈА И ПОЧВА – ЛАНДС (Land and Soil Sensors System – LANDS)“ финансиран [...]

Берово е подготвено за новогодишните и божиќните празници

Берово е подготвено да ги дочека Новата Година и претстојните празници, новогодишно украсено, во ексклузивно светлечко издание и со нови новогодишни и светлечки реквизити. Украсено е  централното градско подрачје и главната улица, на влезот во Берово. Светлечки украси се поставени на градскиот плоштад, поставен е и светлечки тунел, а неизоставен дел од новогодишниот амбиент е [...]

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2025 година

Едногласно, со 15 гласа ЗА, денеска, на 54- тата Седница на Совет на Општина  Берово, усвоен е  Буџетот на Општина Берово, за 2025 година.   Вкупниот БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2025 ГОДИНА, е проектиран на сума од 414.800.000 – 6.744.715 евра. Изгласаниот Буџет на Општина Берово, е со следниот распоред:   БУЏЕТ НА ОПШТИНА [...]

Преку донација од ПГД Бритоф,Општина Крањ, до подобар систем за противпожарна заштита во Берово

Делегација од општина Берово, предводена од Градоначалникот Пекевски, престојува во Крањ, Република Словенија, каде што беше доделена донација, возило за противпожарна заштита, што ќе биде од големо значење, во борбата со справување со пожарите. Новото противпожарно возило, е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на [...]

Реконструирани и заштитени спомен обележјата на територијата на Општина Берово

Изминатиот период, нашиот локален уметник, пензиониран наставник по ликовно образование, Борис Качулачки, изврши реконструкција и заштита на спомен обележјата на територијата на Општина Берово. Извршена е санација на следниве спомен обележја:   Спомен обележјето на Атанас Раздолов во Берово Спомен обележјето на Никола Петров Русински во Берово Спомен обележјето на Чедомир Димитриев во Берово Спомен [...]

Градоначалникот Пекевски присуствува на завршна конференција ROMACTED II во Истанбул Турција

Во периодот од 11-ти до 13-ти декември, Градоначалникот Пекевски, заедно со градоначалниците на Прилеп, Кочани и Делчево, присуствува на завршна конференција ROMACTED II во Истанбул, Турција, во рамките на Проект „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Како дел од настанот,  промовирана е: Поддршката на Ромите во Западен Балкан и Турција [...]
Горе