Category: Култура

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „ДИМИТАР БЕРОВСКИ“ – БЕРОВО

Во пресрет на новогодишните празници, Новогодишната прогрма во Берово, ја започнуваме со свечен Новогодишен концерт на КУД „Димитар Беровски“, кој вечерва привлече голем број посетители и љубители на македонскиот фолклор, пред преполниот хол во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово. На концертот присуствуваше  градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој со своето присуство даде поддршка на [...]

Потпишан договорот за изградба на првата Мултифункционална сала во склоп на Дом на културата ,,ДИМИТАР БЕРОВСКИ” – ПРОЕКТ НА НОВОТО УРБАНО ЛИЦЕ НА ИСТОКОТ

Како историски момент за културниот развој на Берово, денеска, Градоначалникот Пекевски, го потпиша договорот за изградба на модерна мултифункционална сала – прв ваков објект во општината, кој ќе стане нов центар за културни, едукативни и забавни настани.Договорот е потпишан со Министерството за култура и туризам, а проектот е одобрен, во рамки на вториот повик на [...]

Одбележуваме 24 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

На денешен ден, пред 24 години, имињата на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, останаа запишани во македонската историја, како херои, кои го дадоа животот, за нешто поголемо од себе. Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски, Никола Петров [...]

Извонреден концерт на чембало со Цветанка Созовска, во Берово

Во организација на Општина Берово, со поддршка од Министерството за култура, во петокот, имавме можност да проследиме пригоден концерт, на барокона музика со соло клавирчембало, во изведба на нашата сограѓанка, професорка по пијано и чембало и хорски диригент, Цветанка Созовска. Уживавме со композициите од познати композитори Јохан Себастијан Бах, холандскиот композитор Бруненмулер, Форкере, нашиот реномиран [...]

„Концерт на Цветанка Созовска – чембало“- 2 мај (петок) – Бизнис инкубатор Берово

Во рамките  на активностите на Општина Берово, од областа на културата, на 2 мај 2025 година,  (петок), со почеток во 19:30 часот, во салата на Бизнис инкубатор во Берово, ќе се одржи  „Концерт на Цветанка Созовска – чембало“.   Целта на проектот, е збогатување на културниот живот во Берово и  можност да се запознаеме со [...]

Новогодишен базар и концерт во Берово – празнична атмосфера и неповторливо искуство

Во организација на Здружение на угостители и туристички работници Малешевски Еснафи Берово, преку Неформалнотo тело ,,Колеџ на заедницата”, со поддршка од Општина Берово, Берово престојниот викенд  ќе блесне во празничен сјај, со одржување на Новогодишен базар и Концерт. Време: 27 и 28 декември Место: плоштад „Димитар Беровски“ Почеток:  15:00 часот Новогодишниот базар ветува многу забава [...]

Во село Русиново се чествува ликот и делото на македонскиот великан Даме Груев

Во беровско Русиново, денеска се одржа чествување по повод 118 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. Споменот за Даме Груев е вечен, неговиот лик и дело се гордост. Во чест на 118- годишнината од смртта на Даме Груев,  денеска, беше положено цвеќе, пред [...]

Реконструирани и заштитени спомен обележјата на територијата на Општина Берово

Изминатиот период, нашиот локален уметник, пензиониран наставник по ликовно образование, Борис Качулачки, изврши реконструкција и заштита на спомен обележјата на територијата на Општина Берово. Извршена е санација на следниве спомен обележја:   Спомен обележјето на Атанас Раздолов во Берово Спомен обележјето на Никола Петров Русински во Берово Спомен обележјето на Чедомир Димитриев во Берово Спомен [...]

КУД ,,Димитар Беровски” имаше прекрасен настап на првата вечер од ЕТНО Плоштад фестивал 2024

Чест и задоволство е да се гледа насапот на нашето културно уметничко друштво ,,Димитар Беровски”, со кое раководи етнокореографот Методи Скендерски, затоа што тие се наши амбасадори, ама настапот дома, секогаш е гордост и уживање. Вечерва, пред присутните во Берово, ,,Димитар Беровски”, презентираше малешевски фолклор, негувајќи традиционални вредности. Уживавме во кореографиите и уникатните малешевски носии, [...]

Делегација од општина Берово, присуствува на одбележување на денот на општина Брус

На покана од Општина Брус, делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Пекевски, присуствува на одбележување на денот на општина Брус. Делегацијата од Берово, беше пригодно пречекана од Претседателот на Општина Брус, Далибор Савиќ. Во рамките на програмата,  имаа  можност да уживаат во богатата културно уметничка и спортска програма. Членовите на нашето културно уметничко друштво [...]
Горе