Брзо реновирање на скејт паркот во Берово

Почитувани граѓани. Скејт паркот во Берово, кој беше изграден пред неколку години, креира нова супкултура и урбана димензија кои му додадоа уште поголема привлечност и убавина на најубавиот град, Берово.
Млади луѓе се забавуваат и уживаат во него, тој ја дополнува глетката на сите кои ќе поминат покрај него на убава прошетка по кејот.
Но паркот веќе некое време остана вандализиран и со искршени елементи од несовесни граѓани кои можеби и не знаат подобар начин на комуникација со општеството, граѓаните, соседите и луѓето околу нив освен реакција на насилство, но тоа е сосема друга тема, нема да навлегуваме денес во неа.
Ние сме тука да градиме, да унапредуваме, да создаваме услови за подобар и поквалитетен живот на граѓаните во нашата општина.
По минатонеделната правилна реакција на еден локален медиум (shorturl.at/ltHTX) и граѓани директно засегнати од користењето на паркот сакам да известам дека паркот секако е планиран за брзо реновирање и враќање во првобитната атрактивна состојба спремен за користење. Во план е реновирањето да се изведе во месец март со почетокот на пролетта со цел да ги избегнеме зимкските неприлики кои и да го реновираме веднаш ќе влијаат врз неговата состојба и квалитетот на користењето и уживањето во него. Со доаѓањето на пролетта кога Берово е прекрасно, ќе имаме и нов реновиран скејт парк кој ќе само ќе ја дополнува убавината на целиот град.
Градоначалник на Општина Берово
Звонко Пекевски
Горе