БЕРОВО НА ПРВО МЕСТО

Врз основа на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа , согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, за Општина Берово, доделени се средства за реализација на капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година, за слединве проекти:
За улично осветлување во туристичка населба ,,Беровско езеро” – трета фаза- 3.435.673,00 денари
За реконструкција на улица ,,Индустриска” бр. 3 Берово– 4.574.573,00
За реконструкција на крак 3 од улица ,,Козара” Берово -1.326.863,00
За изградба на паркинг простор на ул. ,,Партизанска”Берово- 2.290.593,00
За изградба на тротоар на улица ,,Дамјан Груев” со улица ,,Маршал Тито” до влез во градски гробишта Берово -2.888.870,00
За реконстукција со партерно уредување на простор околу градски пазар Берово – 2.501.425,00
За реконструкција на улица ,,Енгелсова” Берово- 3.352.521,00
Ваквата поддршка е од огромно значење за подобрување на инфраструктурата во Берово, при што ќе се подобри пристапноста на жителите до нивните имоти, ќе се придонесе до подобрување на условите за туризам и ќе се подобри квалитетот на живот на сите граѓани.
Горе