БЕРОВО го празнува 11 Октомври- Ден на народното востание

🇲🇰 ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 80 ГОДИНИ БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА.
🇲🇰 80 години од денот кога македонскиот народ се крена на востание и огранизирано тргна во народноослободителната војна.
На вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права, македонскиот народ застана рамо до рамо со слободарските сили во Европа и светот, и остави свој печат во историјата и времето!
11 октомври 1941 е симболот на самосвеста на македонскиот народ, историски паметник за херојството кога се бориш за својата слобода.
Слободата во која денес ја градиме нашата држава, не ни е подарена, туку стекната со крвта на нашите предци.
Во чест на денот, делегации од општествениот и политичкиот живот од Општина Берово, положија цвеќе пред реконструираната спомен плоча на паднатите борци во НОВ од Малешево, во Берово.
Пред присутните беше прочитан реферат, со историски осврт кон 11 октомври, а исто така имавме можност да слушнеме прекрасна интерпретација на една безвремена песничка, од малата Јана Брашнарска.
СОНОТ НА ПРЕТХОДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ БЕШЕ ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА САМОСТОЈНА ДРЖАВА КОЈА ЌЕ СПОДЕЛУВА ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ.
Самостојна држава, свои на своето, меѓународно етаблирана и економски силна – го исполнуваме аманетот на нашите предци.
🇲🇰 НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 11 ОКТОМВРИ!
Горе