Берово го најавува тридневниот Етно Плоштад Фестивал 2022 година

По две години пауза, во периодот од 26 до 28.08.2022 година, Берово   го најавува тридневниот Етно Плоштад Фестивал 2022 година

Интензивно се работи на последните подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион.

Фестивалот ќе започне на 26 август (петок), со свечено отварање во 19:00 часот, на сцената во центарот во Берово,  после што  настап ќе имаат голем број препознатливи музички имиња, со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови.

Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, а генерален спонзор е општествено одговорна компанија BG LOGISTICS INS.

Во рамките на ЕТНО Плоштад фестивалот, можете да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири,  ракотворби,  еколошки производи, традиционални занаети и слично.

Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово се следната културна дестинација,оваа недела, од 26-ти до 28-ми август.

Горе