Во рамки на проектите за подобрување на спортската инфраструктура, денеска, се асфалтира мултифункционалниот спортски терен, на Кеј на река Брегалница, во Берово.
Инвестицијата на овој спортски терен, опфаќа асфалтирање, оградување, осветлување и поставување на нова урбана опрема, за ракомет, за две кошаркарски игралишта и игралиште за мал фудбал.
Сметам дека оваа инвестиција е многу значајна, особено за младите во Берово, кои добиваат нов терен за спортување, што е многу значајно за правилен раст и развој на децата. Игралиштето се наоѓа во срцето на Берово и се надевам дека младите ќе го користат и ќе спортуваат, ќе ги развиваат нивните таленти, но во исто време и одговорно ќе се однесуваат кон поставената урбана опрема и ќе бидат пример, за тоа како одговорно се чува општинскиот имот, истакна Градоначалникот Пекевски.
Средствата за реконструкција на овој терен, се обезбедени од Буџетот на Агенција за млади и спорт.