Aприлијада во Берово

Во пресрет на први април- Денот на шегата, денеска на плоштадот ,,Димитар Беровски” во Берово, имавме можност да ги видиме најмалите,  под маските на своите омилени јунаци и да уживаме во прекрасната слика, во центарот на градот.

Облечени како принцези, самовили, пеперутки, супер херои, тие со своите воспитувачки, продефилираа од Детската Градинка “23-ти Август“, до плоштадот во Берово, каде што сите маски, се претставија  на убавата сцена.

Присутните ги поздрави Директорката на детската градинка, Невенка Таковска.

На детските лица, можеше да се види многу среќа и еуфорија  а плоштадот во Берово, беше преполн, од весели родители, роднини и минувачи.

Со јасна порака, да нема повеќе маски кај возрасните, за поубав и посреќен свет на децата, тие расположени мавтаа со рацете и уживаа во традиционалното дефиле.

Горе