Антониа Гиговска со маестрална изведба на ЕТНО Плоштад фестивалот во Берово, ги пеe најголеми хитови, во кои ужива публиката во Берово.
Вистински атрактивната пеачка, изгледа прекрасно, што зборовите не се доволни да дадат соодветен опис на емоциите, но затоа музиката секогаш зборува најгласно, дури и во најголемата тишина.
Кога станува збор за нејзните емоции таа секогаш поместува планини.
Успешно, храбро и борбено го освојува светот. Не постои човек, кај кој нема да побуди најразлични емоции на среќа, радост, тага, успех, задоволство, како и да е – едно е сигурно, таа пее вечерва само за сите нас, на беровскиот плоштад.
Во една нејзина песна вели и јасно ни порачува: „ Никогаш не вели никогаш, кажи зборови од душа ако срцето го слушаш’’ Но, знаете како велат „ Пред вистината и Боговите молчат“ а вечерва ние не молчиме, затоа што пееме во еден глас со неа.
Таа е пример за македонски артист и поп изведувач.
Поп Дива пред која стои блескава идинина и стотици полни арени ширум светот.
Храбра Поп Принцеза, којашто е амбасадор на македонската музика во регионот. Нејзиниот глас е само синоним за нејзнита кариера, а нејзните песни ја галат душата, посебно отпеани, единствено, на нејзин начин.
Не постои песна којашто не се врти на радио, ширум региониот и не е хит.
Oваа вечер Берово личи на светски џет- сет, оти нејзниот глас со сигурност е центарот на светот, а Берово центар на културните случувања во истокот.