АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини”

Почитувани жители на Општина Берово ,

Во пресрет на зимската сезона, со цел решавање на проблемот со паркирани хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и претставуваат лоша слика за Берово, , Општина Берово, ги известува граѓаните, дека започнува со АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини” .

Во таа насока, се известуваат  сопствениците, кои на јавни површини имаат паркирано хаварисани возила и приклучна механизација, веднаш да ги отстранат, од коловозот и тротоарите, односно од јавните површини.

Акцијата, согласно предвидената динамика,  ќе се спроведе во две фази и тоа превентивна и репресивна.

Во првата фаза , инспекциските служби, при Општина Берово, ќе се вршат континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски, да ги отстранат возилата и приклучната механизација, поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на животната средина.

Во втората фаза, доколку во најкраток можен рок, не ги отстранат возилата, ќе следи преземање на санкции.

Целта на оваа акција е да се евидентираат и отстранат нерегистрираните, хаварисаните и дотраените моторни возила и приклучната механизација, од јавните  површини, како и да се создадат  услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина.

Ви благодариме за разбирањето.

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе