Вработените во АД Водостопанство на РСМ – Подружница Берово, во соработка со Општина Берово, извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната.
Притоа извршено е метење на патеката, чистење од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи за водоснабдување и наводнување, што дирекно влијае и на заштита на животната средина.
Исто така соберена е голема количина и на комунален одпад.
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски поздравувајќи ја ваквата позитивна акција , упати благодарност до сите вработени во АД Водостопанство на РСМ- подружница Берово, вклучени во истата и посочи дека ваквото системско делување е позитивен пример, кој треба во пракса да го применат сите, со цел да си ја зачуваме и негуваме животната средина .