Online услуги во Општина БЕРОВО

Онлајн услугите на општините се достапни во секое време и од секое место! Да користиме е-услуги за да ги избегнеме шалтерите и да ја забрзаме дигитализацијата на локално ниво! #дигитализација #општини

Еден од примерите за успешна дигитализација е ЛОГЕС платформата, прв софтвер во државата за услуги на локално ниво, која веќе функционира во 25 општини.

Програмата на УНДП преку имплементација на неколку проекти ја поддржува дигитализацијата на општините во земјава.

Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.

До е-услуги може да пристапите преку веб страната на општината со избор на иконата е-услуги или преку линкот 

ЛИНК до видео

ЛИНК до текст

Горе