Започнува изградбата на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ” во Берово

Со средства од Буџетот на РСМ , доделени како капитални дотации, наменети за финансирање на општински проекти во Општина Берово, започнува реализацијата на проект
,,Изградба на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ” .
Се гради атмосферски канал, во должина од 415 метри, со широчина од онолу 2 метри.
Изградбата на овој канал, значително ќе го подобри квалитетот на живот на жителите кои живеат во овој дел од градот, при што ќе се заштитат нивните имоти од поројните дождови, кои се интензивни заради климатските промени, а воедно ќе добијат и соодветен пристап до своите домови. Ќе биде соодвдтно одведена атмосферската вода и ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите.
Реализацијата на овој проект, чини 5.365.702,00 денари, од кои 4.654.000,00 денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина, преку Програмата за третман на отпадни води, а останатите ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2024 година.
Благодарност до Владата на РСМ, што ни овозможува реализација на вакви капитални проекти, кои се од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Берово и кои не би можеле да бидат реализирани без дадената поддршка.
Горе