Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 16.06.2022 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
За “крајни корисници” за користење на услуги од проект “Социјални услуги за еднакви можности”
Се повикуваат сите заитересирани граѓани од следните категории:
- стари, осамени и изнемоштени лица, хронични болни лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Социјални услуги за еднакви можности” како “крајни корисници” односно да бидат корисници на услуга – организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за учество.
Работните активности кои се предвидени со проектот “Социјални услуги за еднакви можности” предвидуваат социјална заштита и вклученост на стари/изнемоштени лица односно лицата кои се во ризик, стари и сами лица, лица со тешка здравствена состојба за кои нема кој да се грижи, да ги посетуваат патролни работници кои ќе бидат постојано во контакт за секојдневно следење на нивната здравствена и социјална состојба и поддршка на нивните секојдневни активности.
Истите предвидуваат но не ограничуваат:
- Услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и др.)
- Консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа
- Помош при движење и заеднички прошетки
- Набавка на продукти за исхрана и други потреби во домаќинството
- Приготвување на топол оброк/напиток
- Поддршка во одржување на хигиената во домот на крајниот корисник
- Вршење на поситни работи во домаќинството (миење садови, внесување дрва за огрев и сл.)
- Плаќање на сметки
- Достава на храна
Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријава за учество во проектот “Социјални услуги за еднакви можности” можат да поднесат во Општина Берово, Канцеларија на Локален економски развој (кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 26.06.2023 година.
Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Берово, АВРСМ ЦВ Берово и Општинска Комиси за следење на проектот.
Проектот “Социјални услуги за еднакви можности” ќе се имплементира на територија во општина Берово за грижа и нега односно лицата кои се во ризик во времетраење од 9 месеци.
Детални информации за Јавниот повик можат да се добијат во Општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на тел.033 471 057 и моб.071 302 604 и на интернет адреса: www.berovo.gov.mk.
Пријавата можете да ја преземете на следниот линк:
Превземи пријава за крајни корисници
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски