Срдечни честитки од Општина Берово до сите матуранти

Драги матуранти,

Денеска Берово испраќа уште една успешна генерација,  подготвена за нови предизвици на патот кон нови успеси и отварање на нови хоризонти.

Упатуваме посебни пофалаби за трудот и учењето на учениците во изминатите четири години и за нивното  успешното справување со сите предизвици.

Спремни за новите предизвици кои Ве очекуваат, запаметете дека сте похрабри отколку што сметате дека сте, посилни отколку што изгледате и попаметни отколку што мислите.

Сопствениот успех, доаѓа паралелно со трудот и работата.

Во овој момент да упатиме благодарност и за трудот на вашите професори, кои вложуваа многу во Вас и Ве насочуваа најдобро што знаеа, справувајќи се со сите предизвици на модерното време.

Со желби за добро здравје , среќа и многу успех понатаму, испраќаме најдобри желби, за вашето матурирање и  за следната етапа од вашиот живот, да биде почеток на живот полн со среќа и задоволство.

Остварувајќи ги сите ваши соништа имајте среќна и успешна иднина!

Драги наши матуранти,

Во име на општина Берово и во мое лично име, Ви го честитам матурирањето, со желби за добро здравје,среќа и успех во натамошниот живот.

Бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на сите нас.

Нека ви е со среќа матуранти, посакувам  уште многу успеси понатаму!

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

Горе