Бесплатен јавен превоз, на територијата на општина Берово

Општина Берово, започнува да врши бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, секој четврток, почнувајќи од ден 06.04.2023 година.

Превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на Општина Берово и тоа на следните релации.

  1. ДВОРИШТЕ-РАТЕВО-РУСИНОВО-ВЛАДИМИРОВО-БЕРОВО-ТРГНУВАЊЕ ВО 07:30 ЧАСОТ (поаѓање од центарот на селото)

БЕРОВО-ВЛАДИМИРОВО-РУСИНОВО-РАТЕВО-ДВОРИШТЕ- ТРГНУВАЊЕ ВО 13:00

  1. МИТРАШИНЦИ-БУДИНАРЦИ-МАЧЕВО-СМОЈМИРОВО- ТРГНУВАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ (поаѓање од центарот на селото)

БЕРОВО-СМОЈМИРОВО-МАЧЕВО-БУДИНАРЦИ-МИТРАШИНЦИ-ТРГНУВАЊЕ ВО 15:00 ЧАСОТ

 

Сите кои сакаат да го користат бесплатниот превоз, за ден 06.04.2023 година (четврток), да се пријават на телефонскиот број на Општина Берово, 033/471-057, во вторник , во периодот од 08.30-13.30 часот.

ОПШТИНА БЕРОВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе