Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020), а во врска со член 69-д од Статутот на Општина Берово (Службен гласник на Општина Берово бр. 13/2002, 18/2007, 30/2008, 20/2010, 20/2019,47/2021), на ден 17.02.2023 година Општина Берово, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За формирање Иницијативен одбор за конституирање
Локално собрание на млади на Општина Берово
- Опис на јавниот повик
- Општина Берово распишува јавен повик, за избор на членови, за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Берово.
- Иницијативниот одбор треба да биде составен од 5 члена (групи), жители на Општина Берово, на возраст од 15 до 29 години.
- Иницијативниот одбор се формира за одржување на конституитивно Локално собрание на млади во Општина Берово.
- Времетраењето на иницијативниот одбор е краткорочно и завршува со свикувањето на првото локално собрание за млади.
- Право на учество
Право да поднесат пријава, имаат сите младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско здружување.
- Потребна документација
Задолжителни документи за учество на јавниот повик:
- Портфолио на организацијата/групата/здружението,
- Годишна програма за работа,
- Извештај за активности со млади во изминатата година,
- Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
- Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија
- Начин на пријавување
Пријавите, со потребната докујментација, се поднесуваат до Архива на Општина Берово, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот на е-маил: [email protected] или по пошта на адреса: Општина Берово, ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово со назнака „За Јавниот повик за свикување Иницијативен одбор за Советот на млади на Општина Берово”.
- Рок за пријавување
Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Берово и Огласната табла во Општина Берово, од 17.02.2023 до 03.03.2023 година.
ОПШТИНА БЕРОВО
Градоначалник
Звонко Пекевски