На ден 23.12.2022 година (петок), со почеток во 18:00 часот, во големата сала на Општина Берово, ќе се одржи средба со граѓани, во врска со можноста за изработка на Детален урбанистички план за туристичката населба Абланица.
Се повикуваат сите граѓани, кои имаат недвижен имот во населба Абланица и сите други заинтересирани граѓани да присуствуваат на средбата, со цел да се запознаат за можностите за изработка на урбанистички план за туристичка населба Абланица.