Пет ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, под менторство на професорката Цветанка Пеовска, во периодот од 12-15 јули, се натпреваруваат за најдобра ученичка компанија на Европскиот натпревар во Талин, Естонија.
Андреј Попчевски , Бојана Арменска , Даниел Димовски , Ангел Биковски, и Христина Бошнаковска, сите од IV година, , кои го освоија првото место на Националниот натпревар за најдобри ученички компании за учебната 2021/2022 година во Струга, вчера се преставија на сцена, а денес ги очекува преставување на штанд.
Gen-Е 2022 г. во Талин, Естонија е најголемиот фестивал на Џуниор Ачивмент Европа, го слави претприемништвото и достигнувањата на младите во Европа.
Овој настан овозможува илјадници ученици и студенти, од 41 земја членка на мрежата, да ги претстават своите иновативни бизнис идеи пред врсници, големи светски компании и бројни општествени, бизнис и политички чинители.
Општина Берово им посакува многу успех!