Кабинет по природни науки опремен во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

Учебната 2021/2022 година, им донесе нов опремен кабинет по природни науки, на учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.

Кабинетот е опремен со нов мебел, инвентар и дидактички материјали коишто се очекува да придонесат за  квалитетен, современ образовен процес но и да ја поттикнат истражувачката работа на учениците.

– Инвестирањето во образование и во знаење е најисплатлива инвестиција, на денешницата, и затоа  сакам да изразам голема благодарност до Министерството за образование и наука, кое што ја препозна потребата од современи метод за изведување на наставата по природни науки и ни овозможи целосно реконструирање и опремување на кабинетот по природни науки- истакна Градоначалникот на Оштина Берово, Звонко Пекевски.

Инаку опремувањето на кабинетот по природни науки , се врши преку Министерството за образование и наука,  во рамките на проектот за опремување со 265 кабинети по природни науки.

Дополнително, ќе се опремат со нови нагледни средство, кабинетите по хемија, биологија и природни науки.

Горе