НЛБ Банка со донација за Територијална противпожарна единица во Берово

НЛБ Банка донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово.

За потребите на службата, НЛБ Банка обезбеди делови за хидрант, црева, продолжетоци и спојувања, млазница и моторна прскалка – опрема, за превенција и справување со пожари.

Голема благодарност за донацијата, упати Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, кој истакна дека ваквите донации се од голема важност за унапредување на работата на противпожарната единица во Берово. Како што додаде тој, изминатиот период, благодарение на донациите обезбедени преку Швајцарската агенција за развој и соработка , благодарение на словенечката амбасада на РСМ и сега преку НЛБ Банка, противпожарната заштита во Берово, сериозно е унапредена, после долги години.

„Малешевскиот регион изобилува со високо-стеблеста шума и пожарот кој ова лето го погоди нашиот крај, навистина предизвика огромна и ненадоместлива штета. За жал, пожари беснееа низ целата земја што ја потенцираше потребата од добро обучени кадри и квалитетна опрема за противпожарните служби. Со оглед на сé повисоките температури во текот на летото, шумските пожари се и остануваат голем предизвик за единиците на противпожарна заштита и институциите. Токму затоа, упатуваме огромна благодарност до НЛБ Банка која уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и излезе во пресрет на нашите барања за дополнување и обнова на нашата противпожарна опрема.“ – истакнува Сашко Руменовски, Командир на Територијалната противпожарна единица во Берово.

„Пожарите во текот на летото и проблемите со кои се соочуваа противпожарните единици во земјава, покажаа недостаток на потребната противпожарна опрема. Со цел да обезбедиме подобра контрола на пожарите, веднаш и без двоумење одговоривме на барањето на Противпожарната единица во Берово, поттикнати од серијата големи шумски пожари, во кои посебно беше загрозен Малешевскиот крај. Пожарите се катастрофи кои директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, шумскиот фонд и целокупниот биодиверзитет во земјата. Веруваме дека со оваа донација даваме придонес кон зголемување на капацитетите, подготвеноста и ефикасноста на единицата на противпожарна заштита во превенција и справување со пожари.“’ – велат од НЛБ Банка.

Оваа донација на НЛБ Банка е надополнување на донацијата, коja летово ја обезбеди Словенечката амбасада во Р. Северна Македонија, а беше наменета за екипите на противпожарната заштита и пожарникарите кои дојдоа на испомош од Словенија во Берово и истата претставува одличен пример на солидарност и меѓуинституционална соработка во служба на општественото добро.

НЛБ Банка е општественo одговорна компанија и активен чинител во средината во која делува.   Банката е силно посветена на проекти кои овозможуваат одржливост, со посебен фокус на

Горе