По изградбата на сите постоечки капацитети за сместување на корисници, во ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” во Берово, ја продолжуваме успешната приказна со оградување и партерно уредување на дворната површина.
Се редат бехатон плочки на одредени површини и се оградува површината од задната страна на објектите на установата.
Од Буџетот на ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” за 2021 година, за оваа намена, ќе бидат потрошени 927.990,00 денари.