ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” е подготвено да ја започне новата учебна година согласно новите наставни програми

ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово,  е подготвено да ја започне новата учебна година, според протоколите и   согласно новите наставни програми, кои се предвидени за учебната 2021/2022, за учениците од прво и од четврто одделение.

Набавени се нови електронски табли, телевизори, принтери и други  нагладни средства, кои се предвидени во новите наставни програми.

За сите ученици од четврто одделение, набавени се таблети, на кои ќе бидат инсталирани дигиталните учебници, со што се води грижа, сите ученици да бидат еднакви и целосно подготвени, да ја започнат учебната година, а трошоците на родителите да бидат намалени.

За подготовките за почетокот на новата учебна година, од Буџетот на училиштето издвоени се околу 3.000.000,00 денари.

Горе