ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2021, НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ

Почитувани,
Во интерес на запазување на јавното здравје, Ве известуваме дека и оваа година, ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ во чии рамки години наназад се одржуваше саемот ,,Малешевијата на дланка” и фестивалот на детски песни ,,Малешевско ѕвонче”, НЕМА да се одржи.
И покрај тоа што сите очекувавме дека пандемијата од Ковид 19 ќе се стави под контрола и ќе продолжиме со сите предвидени активности од областа на културата, за жал тоа не се случи и повторно имаме зголемен број на активни случаи и во општина Берово.
Се надеваме дека успешно ќе се справиме со пандемијата, па со нови сили ќе се вратиме на нормалниот тек на живот.
Здравјето е пред се!
Искрено очекуваме дека самосвеста ќе проработи и нема да дозволиме бројот на заболени во општина Берово, секојдневно да расте.
Ви посакуваме добро здравје!
Од организаторот.
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски
Горе