Потпишан договорот за релизација на проект ,,Реконстукција на ул.,,Маршал Тито” во с. Смојмирово

Денеска Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша договор со Бирото за регионален развој за релизација на проект ,,Реконстукција на ул.,,Маршал Тито” во с. Смојмирово.

Ќе се реконструира улицата во должина од 593.70 метри, додека ширината на коловозот на улицата е предвиден од 4,50 метри, односно 2 коловозни ленти со ширина од по 2.25 метри при што ќе се изврши проширување на коловозот на улицата, која воедно е главна артерија и се спојува со регионалниот пат.

Улицата Маршал Тито во село Смојмирово започнува со формирање на раскрсница со Регионален патен правец Берово-Делчево и крајот на улицата формира раскрсница со ул. Димитар Влахов во с. Смојмирово.

Постоечката состојба на ул. ,,Маршал Тито” е асфалт, кој се наоѓа во многу лоша состојба, со многу ископи и дупки на поедини места и истата повеќе пати е истакнувана како приоритет на средбите со месното население.

Со реконструкцијата на оваа улица ќе се опфати еден поголем дел на граѓани кои ја користат улицата во с. Смојмирово и ќе се заокружи поголема целина на патна мрежа во селото

Реконструкцијата на оваа улица, ќе придонесе кон подобрување на условите за живот во руралните места,

ќе се подобри инфраструктурата,  социјалната кохезија на жителите на оваа улица, но и на остантите граѓани и посетители во с. Смојмирово.

Сретствата во износ од околу 4.670.000,00 се обезбедени 50% од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на селата а останатите 50 % се кофинансирање од општинскиот Буџет.

Горе