Во рамки на активностите на Општина Берово, за развој на туризмот, Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со сопствениците на викендици и туристички објекти, во туристичката населба Беровско Езеро.
Состанокот се одржа во туристичниот комплекс Аурора и на истиот беше разговарано за состојбата со кајакарскиот дом, состојбата со инфраструктурата и наплатата на таксата за привремен престој.
Притоа, од состанокот произлегоа многу конструктивни предлози и идеи, во насока на унапредување на туристичката понуда, преку креирање на нови содржини.
Туризмот е еден од главните столбови за развој на Берово и затоа во периодот што следи, голем дел од предвиденото во годишните програми е насочено токму во овој дел- истакна Пекевски. Тој додаде дека во Програмите за работа за 2021 година, предвидено е решавање на проблемот со водоснабдувањето, изградба на патна инфраструктура и осветлување во туристичката населба Беровско Езеро.