Слободните средства од единките кориснички на Општина Берово ќе бидат пренаменети за капитални инвестиции

На деневен ред на Седницата на Советот на Општина Берово, која ќе се одржи утре, е Одлука на Советот на општината за префрлање на средства на основен буџет за финансирање на надлежностите на Општина Берово за 2021, со која дел од неискористените средства на единките кориснички, се планирани да бидат пренаменети за капитални инвестиции.
Согласно измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, на транспарентен начин, во присуство на членовите на Комисијата за финансирање, Буџет и ЛЕР при Советот на Општина Берово, претставници од единките кориснички и Градоначалникот се разговараше за средствата кои треба да бидат пренаменети.
Истите ќе бидат внесени во Ребалансот на Буџетот на Општина Берово за 2021 година кој ќе се најде на дневен ред,пред Советниците во Советот на Општина Берово на наредната седница.
✅Капитални инвестиции за подобар живот на сите граѓани на Општина Берово!
✅Градиме инфраструктура за сите!
Горе