Почетокот на градежната сезона, значи забрзување на проектите, предвидени за реализација во програмите на општина Берово, во теко вната 2021 година, која и покрај големите очекувања, ја започнаваме во услови на пандемија. Сепак, средствата за предвиденото, што пандемијата не дозволи да биде реализирано, благовремено беа пренаменети во соодветни програми и со истите се реализирани други проекти. Така, минатата година, одложувањето на ЕТНО Плоштад Фестивалот, кој е надалеку познат фестивал, значеше дополнителна инфраструктура за Берово и поквалитетен живот на граѓаните.
И градежната сезона во 2021 година, општината ја започнува, со активности за реализација на проекти од витално значење за граѓаните. Започнува со реализација изградбата на улици во беровско Двориште, во должина од 2,9 километри, во рамките на проектот „Македонија без кал“, преку кој значително ќе биде подобрена инфраструктурата, во едно од најнаселените населби во општина Берово.
Проектот со вредност од 30 милиони денари, е финансиран од Светска банка.
Како втор позначаен проект, е проектот за изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа во населбата Беровско Езеро.
Како што истакна Градоначалникот Пекевски, по претходно добиениот изработен проект, за филтрирање на чиста вода за пиење, преку новоизградената примарна и секундарна водоводна мрежа, ќе дојде до крајните корисници. На тој начин, ќе се овозможи подобрување на туристичките услуги и обезбедување чиста вода за пиење за жителите и туристите од туристичката населба Беровско Езеро.
Освен во туристичката населба и селските средини преку програмата за локални патитша и улици, како што додаде, во тек е постапка за избор на најповолен понудувач и склучување договор за изградба на неколку улици во градот Берово.
-Станува збор за изградба на улица ,,5”, улица ,,Горги Димитров” и крак од истата. Исто така се подготвува техничката документација за распишување тендерска постапка за изградба на улица ,,7” во Берово, a распишана е и постапка за улица ,, 2”, во село Русиново.
Во рамките на Програмата за реализација на проекти, преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, во Берово, во 2021 година, планирана е изградба на улица во туристичката населба Беровско езеро, како и осветлување, со што, како што додаде првиот човек на Берово, ќе се подобри целокупната инфраструктура во оваа населба.
Освен патната инфраструктура, во завршна фаза, се и дел од проектите од сферата на социјалната заштита. Имено, заврши првата фаза, од доградбата на 4 нови занимални во детската градинка ,,23 Август”, после што веднаш е пристапено кон распишување на тендерска постапка за втора фаза. Исто така, завршено е и внатрешното уредување на третата ламела од Домот за стари лица во Берово и пристапено е кон постапка за набавка на опрема за истата.
Може да се каже дека и покрај пандемијата од КОВИД 19, општина Берово имаше успешна градежна сезона во 2020 година, а градежната сезона 2021 година, навестува релизација на голем број проекти, од витално значење за општината, што во континуитет, покажува дека од година во година се унапредува работата на општината и граѓаните добиваат поквалитетен живот.
Се надевам и искрено верувам дека резултатите и придобивките, од рализацијата на сите овие проекти, ќе бидат одржливи и ќе продолжат да траат во годините нанапред.