Градоначалникот Пекевски оствари средба со беровскиот starboy

Културниот развој на Берово, туризмот, развивање на спортскиот дух, беа темите на кои разговараа Градоначалникот Пекевскии и беровскиот starboy, на состанкот во кабинетот на градоначалникот, кој што беше организиран во рамките на активностите од  областа на културата.

Заедно со претседателот на фудбалскиот клуб во Берово ОФК МАЛЕШ, Новица Печински,тие разговараа на неколку важни теми, околу фудбалот и културниот развој на градот.

Притоа разменија ставови,мислења и поразговараа за идната соработка, за развивање нови проекти кои што ќе овозможат нови културни содржини и подигање на  културното  ниво, а преку тоа и културен развој на градот.

Неизоставен дел од разговорот беше и развојот на туризмот,преку културата и уметноста,  како стратешка гранка на општината.

Инаку  starboy и е познат на македонската јавност по повеќето снимени рап песни, изминатиот период,  а неодамна издаде и свој албум.

Горе