Кејот на река Брегалница во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што Беровчани, од најмал до најстар, бележат голем број спомени.
Привршуваат градежните работи на пешачката патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, како и санацијата на кејските ѕидови и осветлувањето на потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.
Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите, долж две реки”, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугарија, финансиран од Програмата Интеррег ИПА прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци.
Проект CB006.2.12.120 “Заштита на жителите од една планина долж две реки”. Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.