На крајот од оваа година, повеќе од било кога, имаме право да си посакаме многу здравје, повеќе дружење, во новата година, повесели моменти и позитивна енергија.
И оваа година со заеднички сили, да продолжиме, да го градиме патот исполнет со нови цели, нови надежи и нови успеси, кои ќе донесат подобро Утре за нас и нашите најблиски. Да се радуваме на секој нов ден, давајќи свој придонес за напредок, за иднината на нашиот град, за добробитта и напредокот на нашите граѓани и повисоко ниво на општественото живеење.
Воедно упатувам апел до сите граѓани на општина Берово да празнуваме одговорно, со почитување на сите препораки на здравствените власти.
Празнувајќи одговорно, вложуваме во побезбедна и посреќна иднина.
Среќна Нова 2021 година!
Општина Берово
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ