За празникот св. Тројца, во с. Русиново се одржуваат ,,Трујчинденски русински средби” , кога с. Русиново е преполно со народ а на сред село, на делеку се слушаат зурлите и тапаните.
Многу народ, се собира во центарот на с. Русиново, кога жителите, но и многу гости, традиционално го слават големиот празник ,,Света Троица”.
Од пред неколку години организациониот одбор, во соработка со Општина Берово и неколку фирми од приватниот сектор, организираа богата културно уметничка програма, која под наслов,,Трујчински русински средби”, се очекува во иднина да прерасне во традиција.
Прославата започнува со настап на учениците од ООУ,,Никола Петров Русински” од с. Русиново, понатаму настапуваат неколку групи од КУД ,,Димитар Беровски” од Берово, неколку групи Пензионери, од Здружение на пензионери од Берово, а централната прослава се заокружува со настап на уметник од македонската екстрада.
Покрај централаната прослава на сред село, месното население од с. Русиново, овој празник го одбелжува денот, со семејни слави.