Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска, во својот кабинет, оствари средба со познатиот македонски музичар и уметник Горан Алачки, по повод добивањето на престижната награда „Животно дело“, доделена на ФОЛК ФЕСТ РОСА 2026.

Ова значајно признание, претставува потврда за неговиот долгогодишен музички пат, творештво и несебична посветеност на македонската музика и фолклор. Зад секое вакво признание стојат години труд, истрајност, љубов кон музиката и неизмерен придонес во зачувувањето и афирмацијата на македонската музичка традиција.
На средбата, градоначалникот Ружински му упати искрени честитки за заслуженото признание, посакувајќи му добро здравје, уште многу успеси, нови музички инспирации и продолжување на неговиот придонес во македонската култура.
Честитки, маестро Горан Алачки! Нека македонската песна продолжи да живее преку Вашето творештво!

