Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, оствари средба со членовите на Пинг-понгарскиот клуб „Еклектик“ – Берово, пред нивното заминување на Европското првенство, кое ќе се одржи во Невшехир, Турција.

Особено сме горди што Македонија на ова големо спортско натпреварување ќе ја претставуваат две деца, и тоа двете се од ППК ,,Еклектик” – Берово!
Ова е големо признание за нивниот труд, посветеност и спортски талент, но и гордост за нашиот град и за целата држава. Градоначалникот им се заблагодари за досегашните успеси и за можноста да го претставуваат Берово и Македонија на европската спортска сцена, им посака среќен пат, успешно претставување и многу спортски успеси. Имаме верба во нивните способности и знаеме дека ќе го дадат најдоброто од себе!
Со среќа! Берово е со вас!

