Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ)  и Општина  Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Мерка 6.Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден  02.11.2026година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица со стекнат сертификат за давање на социјална услуга кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Солидарност и грижа”за вклучување/работно ангажирање од 40 часа работен ангажман неделно од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработувањеБерово.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци  работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со 40 часа работен ангажман со 40 (четириесет) работни часови неделно,  на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, со стекнат сертификат за давање на социјална услуга.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во  Мерка 6. Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 24.000,00 денари бруто износ , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица, кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба поседуваат сертификат за давање на социјална услуга и да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • Долгорочно невраборени лица( над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • Млади лица до 29 години
  • Лица постари од 50 години
  • Лица корисници на гарантирана минимална помош
  • Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • Лица припадници на ромска етничка заедница
  • Лица корисници на паричен надоместок по основ на неврабореност
  • Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • Самохрани родители
  • Родители на 3 и повеќе деца

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1:Неговател/ка на деца од предучилишна возраст

Позиции за работно место 1:3 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

Четиригодишно средно училиште: средно медицинско училиште, средно образование-насока гимназија,средно музичко училиште,средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште/ со лиценца за  работа со деца од предшколска возраст.

Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

Работно место 2: Неговател на стари и изнемоштено лица во домашни услови

Позиции за работно место 2: 5 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште/со сертификат за неговател за стари и изнемоштени лица. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од 02.11.2026 година до 06.11.2026 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Берово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Берово кај лицето Даница Пиличовска, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово  кај лицето Габриела Чучурска,  Центар за социјлна работа Берово кај лицето Даринка Шоповска Ружинска.

 

Општина Берово

Градоначалник

Петар Ружински

Горе