ДАБОВ МЕД ОД МАЛЕШЕВИЈАТА – ЗНАК ЗА КВАЛИТЕТ

На 18 октомври, во „Аурора Ресорт и Спа“ – Берово, беше презентиран сертификацискиот знак за квалитет на малешевскиот дабов мед, со цел да се промовираат неговите препознатливи карактеристики и да се потврди неговата вредност како локален производ.

На настанот присуствуваа претставници на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Општина Берово, Сојузот на пчеларските здруженија и пчелари од Малешевијата.

Презентацијата претставува значаен чекор во промоцијата на малешевскиот дабов мед, поддршката на локалните пчелари и афирмацијата на автентичните производи од Малешевијата.

Проектот го спроведува Здружението на пчелари „Меден Даб“ – Берово, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 – ReLOaD3 #RegionalProgrammeonLocalDemocracyintheWesternBalkans финансиски поддржана од Европската Унија Delegation of the European Union to North Macedonia,  што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со кофинансирање од Општина Берово. 

Горе