ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА КОЛСКО-ПЕШАЧКА ПАТЕКА СО ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ И УРБАНА ОПРЕМА ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА БЕРОВО

Општина Берово започнува со реализација на проектот за изградба на колско-пешачка патека со партерно уредување и поставување урбана опрема на крак од улицата „Мирче Ацев“, во централното градско подрачје во Берово.

Со проектот е предвидено уредување на површина со должина од 40 метри и вкупна површина од 76 метри квадратни, со поставување на бехатон-плочки, со што ќе се придонесе за подобрување на изгледот, функционалноста и уреденоста на овој дел од градот.

Покрај изградбата на патеката, просторот ќе биде дополнително уреден со поставување урбана опрема, односно корпи за отпадоци, клупи за одмор, како и детски реквизити – клацкалка и лулашка. На дел од просторот, предвидено е и засадување трева, со што ќе се создаде попријатен, позелен и поуреден амбиент за жителите и посетителите.

Вкупната финансиска вредност на проектот изнесува 517.400,00 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2026 година.

Со реализацијата на овој проект, Општина Берово продолжува со уредување и унапредување на јавните површини, создавајќи побезбедни, пофункционални и попријатни простори за пешаците, семејствата и најмладите жители.

Општина Берово продолжува да вложува во подобрување на урбаната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

Горе