Започна реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улица „15-ти Корпус“, во Берово

Започна реализацијата на проект за  „Реконструкција на крак 1 и крак 2 од улица „15-ти Корпус“, со кој се унапредува патната инфраструктура и се создаваат подобри и побезбедни услови за движење на жителите.

Во рамки на проектот,   предвидено е целосно расчистување и пробивање на краците, нивелирање и тампонирање на трасата, уредување на соодветно одводнување, како и вградување на асфалт, со дебелина од 7 сантиметри.

Вкупната должина на крак 1 и крак 2 изнесува 379 метри, со ширина на коловозот од 3 метри и банкина со ширина од 0,5 метри.

Вредноста на инвестицијата изнесува 2.142.117,00 денари, средства обезбедени со поддршка од Министерството за локална самоуправа, во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

За обезбедување целосна функционалност и заокружување на проектот, Општина Берово реализира и изградба на армирано-бетонски потпорен ѕид, со должина од 10 метри и висина од 2,5 метри.

За изградбата на потпорниот ѕид, од Буџетот на Општина Берово ќе бидат издвоени 276.821,00 денари.

Со реализацијата на овие активности, се создава поквалитетна и посигурна инфраструктура, со што дополнително се подобруваат условите за живот и секојдневното функционирање на жителите.

Општина Берово упатува искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа за поддршката и препознавањето на потребите на локалната заедница.

Продолжуваме со реализација на проекти кои придонесуваат за подобра инфраструктура, подобри услови за живот и рамномерен локален развој.

Горе